Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Лион го победи Монако со гол во 95 минута

Екипата на Олимпик Лион со гол во 95-минута забележа победа над шаминот Монако во првиот меч од деветото коло на француската Лига 1.

Интересен и ефикасен натпревар одиграа фудаблерите на Лион и Монако во кој беа постигнати дури пет гола, а победникот беше решен во петатта минута од судиското дополнение со конечен резултат 3-2.Image result for lyon-monaco

Домаќините поведоа во 11.минута со голот на Маријано Диаз, а само шест минути (17) подоцна стигна израмнување преку Рони Лопез. Но, домашните симтатизери не чекаа долго повторно да се израдуваат, па веќе во 23.минута Лион поведе со 2-1 со голот на Фекир. Ефикасниот прв дел го заокружи Траоре со прекрасен гол во 34.минута за ново израмнување на 2-2.

И во вториот дел се играше офанзивно и отворено, па двете екипи имаа свои шанси за трет гол. Тоа се случи во петатта имута од судиското дополнение (90+5) кога Фекир од слободен удар го совлада Субашиќ и му донесе победа на Олимпик Лион со 3-2.

Ова беше вториот пораз за шампионот Монако, кој заостанува 3 бода зад лидерот на табелата ПСЖ кој попладнево гостува кај Дижон.

Олимпик Лион се проби на третото место на табелата со 16 бодови колку што имаат и Олимпик Марсеј и Нант тимови кои утре ќе ги одиграат своите средби од 9.коло во Лига 1.