Connect with us

Фудбал

Лион сака одложениот натпревар против Марсеј да го игра на неутрален терен

Раководството на Олимпик Лион има намера да го одигра одложениот натпревар од 10. коло во францускиот шампионат против Марсеј на неутрален терен.

„Сакаме натпреварот да го играме на неутрален терен. Сакаме да можеме да играме фудбал без страв и ризик. Тоа им го должиме на играчите и тренерите и не сакаме никакви спортски казни бидејќи играчите на Марсеј немаат никаква врска со тоа“, изјави спортскиот директор на Лион, Винсент Понсо за BBC Sport.

Средбата требаше да се одржи на 29 октомври, но беше откажана. На пат кон стадионот автобусот на Лион бил нападнат од маскирани навивачи кои фрлале камења и искршиле дел од стаклата. Селекторот на „децата“ Фабио Гросо тешко се повреди.