Connect with us

Фудбал

Лионел Меси се согласи на огромно намалување на платата

Лионел Меси во наредните денови ќе потпише нов петгодишен договор со Барселона.

Аргентинската sвезда е без договор од 30 јуни, а претходните месеци преговараше со претседателот на Барселона, Жоан Лапорт, за продолжување на соработката.

Поради финансиските проблеми во рамките на клубот, Меси мораше да се согласи на намалување на платата. Тој го стори тоа, тврди каталонски спорт, и во наредните денови официјално ќе биде потпишан нов договор.

Меси наводно прифатил намалување на платата од 50 проценти во споредба со претходниот договор кој изнесуваше нереални 555 милиони евра за четири сезони.

Така Лео ќе остане во Барселона каде најверојатно ќе ја заврши кариерата летото 2026 година.

Лео освои апсолутно се со Барселона. За каталонскиот гигант одигра 778 натпревари и постигна 672 гола.

Facebook