Connect with us

Фудбал

Ливерпул е клучот нашиот Столе Димитриевски да биде прв голман на Валенсија!

Столе Димитриевски пред извесно време потпиша за Валенсија, но неговата иднина во овој клуб се уште е неизвесна, односно не е познато дали ќе биде првиот избор. Се спомнуваше дека е можно негово враќање во Рајо Валјекано на позајмица. Неговиот статус во Валенсија зависеше пред се од првиот голман Мамардашвили.

Имено, се нејавуваше негов трансфер по крајот на минатата сезона, но работите некаде закочија. Тој се уште е играч на Валенсија. Сепак, се појавија нови информации. Угледниот новинар, Фабрицио Романо, кој важи за добро информиран, кој практично и го најави трансферот на Столе Димитриевски во Валенсија, објави дека Мамардашвили е на пат кон Ливерпул. Наводно се било договорено со грузискиот интернационале. Сепак, Ливерпул и Валенсија се уште не постигнале конечен договор. Доколку двата клуба се договорат и Мамардашвили тргне кон „Еинфилд“, тоа би значело дека Столе Димитриевски останува во Валенсија како прва опција за голот.