SPORTM.mk
Ливерпул на спектакуларен начин го претстави новиот дрес: Мислеа на секој детал
Ливерпул денеска и официјално го претстави својот нов домашен дрес.
Фудбалските клубови често ги редизајнираат дресовите за да привлечат уште поголем интерес од навивачите и да ја зголемат продажбата, а нема сомнеж дека „црвените“ ќе ја наполнат касата откако од денеска ги објавија новите дресови за новата сезона. Продажбата ќе започне на 19 мај, но интересот е веќе огромен.
Првиот сет на дресови останува традиционално црвен со одредени промени во однос на претходната верзија. На рабовите на ракавите од домашниот дрес има детали од „YNWA“, што дополнително ја зацврстува врската помеѓу навивачите и култниот клуб, која и онака е нераскинлива.
На задната страна на дресот, амблемот 97 врамен со Вечниот пламен гордо стои во спомен на децата, жените и мажите кои ги загубија животите во трагедијата во Хилсборо.
The details 🔎
— Liverpool FC (@LFC) May 5, 2022
Промената од 96 во 97 е во чест на Ендрју Стенли Дивајн, 97-то лице незаконски убиено како резултат на катастрофата во Хилсборо. Има уште неколку значајни промени, а некои ситници се едноставно доказ дека во Ливерпул заедно со Најк размислувале на секој детал и фановите секако ќе бидат воодушевени.
Во видео презентацијата на новиот дрес настапија Јирген Клоп, како и фудбалерите на познатиот клуб од Енфилд
„Сите сме толку горди што го носиме дресот на Ливерпул и што сме дел од ова семејство“, рече Хендерсон. Точно знаеме што значи овој дрес за нашите навивачи и едвај чекаме да трчаме во него на „Енфилд“.