Connect with us

Фудбал

Ливерпул објави видео со головите на новото засилување, реакцијата на Клоп е бесценета

Како што објавивме утрово Ливерпул го претстави првото засилување. Тоа е Такуми Минамино од Салцбург. Трошокот за трансфер беше само 7,25 милиони фунти и тој треба да се приклучи на тимот на првиот ден од 2020 година. Изминативе пет години, јапонскиот фудбалер играше за австрискиот шампион и постигна 189 гола на 189 натпревари. Договорот е потпишан четири и пол години.

Англискиот тим на својот Твитер налог објави видео со потезите и головите на Минамино, за да се пофали какво засилување ангажирале.