Connect with us

Фудбал

Ливерпул прекина двегодишен „пост“ во групна фаза во ЛШ

Англискиот тим Ливерпул славеше со убедливи 4:1 на гостувањето во Белгија кај Генк. Со овој триумф, тимот на Јурген Клоп се најде на второто место на табелата со шест бодови, еден помалку од лидерот во групата Наполи.

Со оваа победа „Црвените“ од „Енфилд“ го прекинаа двегодишниот малер или подобро речено „пост“ во Лигата на шампионите во групната фаза.

Ова е прва победа на Ливерпул како гостин по две години во групната фаза. Последен пат во овој дел од натпреварувањето англискиот тим славеше против Марибор пред две сезони со 7:0. Минатата сезона Ливерпул ги загуби сите гостувања, кај Црвена Звезда, Наполи и ПСЖ.

Резултати од вечерашните натпревари во 3.коло од фудбалската ЛШ:

Група Е:
Салцбург – Наполи 2:3
Генк – Ливерпул 1:4.

Група Ф:
Интер – Борусија Дортмунд 2:0
Славија Прага – Барселона 1:2.

Група Г:
Лајпциг – Зенит 2:1
Бенфика – Лион 2:1

Група Х:
Ајакс – Челзи 0:1
Лил – Валенсија 1:1.