Connect with us

Фудбал

Лош ден за фаворитите, реми на Вардар во Ѓорче, „кикс“ на Работнички

Попладнево се одиграа четири натпревари од 10.коло од ПМФЛ. Лош ден за фаворитите. Вардар одигра 1:1 на гостувањето кај Македонија ЃП. Аврамовски во 46-та минута му донесе водство од 1:0, а конечните 1:1 ги постави Јашаровски во 67.минута.

Иако поведе со 1:0 на гостувањето во Велес кај Борес преку Јурина, сепак Шкупи на крајот загуби со 2:1. Христов и Прелчец му донесоа победа на Борец.

Работнички е изненаден на домашен терен од Струга Трим Љум со 2:1. Победата е уште поголема на гостите ако се знае дека е обезбедена со играч помалку бидејќи Лена уште во 10-та минута заработи црвен картон.

Силекс стигна до убедлива победа на домашен терен против Ренова од 3:0. Вчера Шкендија беше поразена со 1:0 на домашен терен од Академија Пандев.

ТАБЕЛА: Вардар 21, Академија Пандев 21, Македонија ЃП 16, Шкупи 13, Ренова 13, Силекс 12, Шкендија 11, Струга Трим Љум 11, Борец 11, Работнички 10.