Connect with us

Фудбал

Лоши вести за Зидан, се повреди голманот Навас

Непријатни вести добил тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан. Голманот на шпанскиот шампион Кејлор Навас се повредил на тренинг со неговата репрезентација Костарика и можно е да биде надвор од теренот подолг период.

Според информациите во шпанските медиуми, Навас со сигурност ќе го пропушти натпреварот со Панама закажан за вечер по полноќ во рамките на квалификациите за СП 2018.

Костариканците веќе повикаа друг голман кој треба да го замени Навас, а дали и колку долга пауза го очекува чуварот на мрежата на Реал Мадрид ќе биде познато многу скоро.

Костарика без оглед на исходот со Панама, обезбеди учеството на Мундијалот во Русија.