Connect with us

Фудбал

Лотито го „одврза ќесето“, ветува убави премии доколку Лацио освои титула

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито одделил бонуси од 18 милиони евра што ќе ги добијат „орлите“, доколку ја освојат титулата во Италија, пренесува „Кориере дело Спорт“.

Според информациите, раководството и играчите постигнале договор за бонусите, а за секој од нив ќе бидат потребни околу 400.000 евра доколку Скудетото „слета“ во Рим.

Лацио е втор во пласманот по лидерот Јувентус пред продолжението на Серија „А“ овој викенд.