Connect with us

Фудбал

Ловрен пред заминување од „Енфилд“

Ливерпул ќе остане без услугите на Дејан Ловрен откако стоперот им потврдил на неговите агенти да му бараат нов клуб.

Неодамна бил одржан состанок на кој се разгледувале можните клубови во кои Ловрен би ја продолжил кариерата. Во новата сезона, Клоп нема да смета на Ловрен за почетниот состав во дерби натпреварите и поради ова Хрватот решил да замине од „Енфилд“.

Има повеќе тимови заинтересирани за Ловрен но фаворит за неговиот потпис е Милан, пренесуваат медиумите од Англија. Од евентуалната продажба Ливерпул би заработил околу 30 милиони евра,

Извор: Дриблинг