Connect with us

Ракомет

ЛШ ракомет: Мечот Целје – Загреб одложен половина час пред почетокот поради коронавирус 

Мечот меѓу Целје и Загреб од групната фаза во ракометната Лига на шампиони е откажан половина час пред почетокот поради позитивен случај на коронавирус во една од екипите, соопшти вечерва ЕХФ.

Почетокот на натпреварот беше закажан за 18:45 часот, но 30 минути пред стартот двете екипи беа известени дека мечот е одложен.

Ова е второ одложување на пресметката меѓу словенечкиот и хрватскиот првак, што првично требаше да се игра пред две недели. И тогаш одложувањето беше поради заразен ракометар со коронавирус.