Connect with us

Други спортови

ЛШ: Цвијиќ избрана во тимот на годината

Ракометарката на ЖРК Вардар, Драгана Цвијиќ влезе во изборот на ЕХФ за најдобриот состав на Лигата на шампионките.
 
Цвијиќ е прогласена за најдобар пикер на турнирот за сезоната 2017/2018.
 
Тимот на сезоната во ЛШ:
 
Голман: Кари Гримсбо (Ѓер)
Лево крило: Сираба Дембеле (Ростов)
Лев бек: Кристина Неагу (ЧСМ)
Централен бек: Вероника Кристијансен (Митјиланд)
Пикер: Драгана Цвијиќ (ЖРК Вардар)
Десен бек: Ана Грос (Мец)
Десно крило: Јулија Манагарова (Ростов).
 
За најдобар тренер за оваа сезона е избран Мартин Амброш (Ѓер), а неговиот тим воедно собра најмногу награди, откако и за најдобар дефанзивец беше прогласена Сузана Томори.
 
Вардарки утре од 18 часот играат полуфинале со Ростов, а од 15:15 часот во првиот меч на Ф4 турнирот го играат актуелниот шампион Ѓер и романски ЧСМ Букурешт.