Connect with us

Фудбал

Луис Енрике ја открива состојбата на клубот и ги предупредува сите: Никој не е безбеден

Екипата на ПСЖ се уште е во Јапонија каде што одржува турнеја. Од азиската земја селекторот Луис Енрике даде интервју за „Л’Екип“ каде ја разјасни ситуацијата со шампионот на Франција.

„ По неколку недели тренинзи, првиот впечаток е добар. Доста позитивно. Не само за димензиите на овој клуб, туку и за сите негови структури. Ова ни овозможува да завршиме добра работа со тимот “, изјави шпанскиот тренер.

„ Тоа е тим кој има многу квалитетни играчи. Како и да е, мислам дека до крајот на пазарот ќе има многу тргнувања и пристигнувања. Никој не е сигурен. Овој тим допрва треба да се засили со други елементи и клубот ги знае моите размислувања “, изјави Луис Енрике.

„ Ќе ги искористиме овие пријателски натпревари што ги имаме овде за да разбереме каде ни се на располагање играчите. Ќе дознаеме кои можат да бидат нашите цели и што можеме да измениме на патот “, рече Енрике.