Connect with us

Фудбал

Луис Енрике разочаран од стартот на сезоната за ПСЖ

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике е разочаран од резултатите на неговиот тим во првите две кола од новата сезона. Парижаните ремизираа 1:1 против Тулуз во натпреварот од второто коло на францускиот шампионат.

„Тоа е разочарување. Требаше да победиме. Мислам дека имавме добро прво полувреме. Во вториот дел, освен голот, изгубивме контрола и лошо игравме со топката. Уште едно реми. Да, немавме доволно контрола врз играта, особено при 1:0. Имавме две-три шанси, не ги реализиравме, а немавме среќа“, изјави Енрике.

„Но, ова е почеток на сезоната. Тимот се уште е далеку од она што го сакам, особено во нападот. Ќе продолжиме да работиме“, додаде тренерот на ПСЖ.

ПСЖ освои два бода од почетокот на сезоната во Лига 1.

Во следното коло на 26 август избраниците на Луис Енрике на домашен терен играат со Ленс.