Connect with us

Фудбал

Луис Енрике: Тешко дека можевме да направиме подобар преоден рок. Ние сме подготвени

На крајот од летниот преоден рок за фудбалери, ПСЖ ја направи најголемата зделка. Францускиот шампион за нешто повеќе од 90 милиони евра во своите редови го донесе напаѓачот Рандал Коло Муани од Ајнтрахт.

Заедно со францускиот репрезентативец, ПСЖ донесе и играч од Лион, исто така напаѓач, 21-годишниот Бредли Баркола, а сето тоа го воодушеви тренерот на Париз, Луис Енрике.

“Мислам дека во овој момент, со оглед на околностите, не можевме да направиме подобар преоден рок. Не, не ни требаше никој во средниот ред. Имаме доволно квалитетни играчи таму. Коло Муани и Баркола се многу добри засилувања бидејќи тие може да игра на неколку позиции. Преферирам такви играчи“, изјави Луис Енрике.

Инаку, ПСЖ се надева дека во наредните денови ќе го продаде Италијанецот Верати на Блискиот Исток, каде се уште трае преодниот рок.

“Коло Муани е навистина луксузно засилување. Со оглед на тоа што е Французин, тоа го зајакнува идентитетот на нашиот клуб. Го следевме и сигурен сум дека тој многу ќе ја подобри нашата игра. Подготвени сме за сезоната, на секоја позиција и имаме барем две многу квалитетни решенија“, изјави шпанскиот стратег.