Connect with us

Фудбал

Луис Суарез беше на чекор од Јувентус, но еден телефонски повик промени сè

Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез очигледно нема да ја продолжи кариерата во дресот на Јувентус.

Суарез е сè уште член на Барселона, но новиот тренер Роналд Куман му порача дека не смета на него во новата сезона. Уругваецот преговара за раскинување на договорот и како што стојат работите тој ќе го напушти „Камп Ноу“ бесплатно.

Искусниот напаѓач претходните денови беше во одличен контакт со Јувентус и се чинеше дека сè е готово. Сепак, вчера пристигна веста дека Суарез се предомисли, и дека не сака да ја продолжи кариерата во Јувентус.

Наводно, Суарез има желба да остане во Шпанија бидејќи добил понуда од Атлетико Мадрид. Уругваецот повеќе сака да се пресели во Атлетико отколку во Јувентус, па можеме да гледаат истото сценарио од пред неколку години кога Давид Виља го стори истото.

loading...

Тогаш сите беа изненадени затоа што Виља отиде во Атлетико за „ситини пари“ и Суарез би можеше да го стори истото. На навивачите на Барселона тоа не им се допаѓа затоа што Уругваецот сака да го засили својот директен ривал за титулата.

Според шпанските медиуми, Суарез се предомислил кога го контактирал Диего Симеоне, кој очигледно го убедил дека е подобро да дојде во Атлетико отколку да замине во Јувентус. Останува да видиме што ќе се случи на крајот.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com