Connect with us

Фудбал

Лукаку го сруши рекордот на Боби Чарлтон

Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку го забележа најдобриот старт во историјата на „Црвените ѓаволи“ откако постигна 10 гола на првите 9 средби за Манчестер Јунајтед. Лукаку во првенство на 6 средби забележа исто толку погодоци а во два настапи во ЛШ постигна 3 гола додека еден има против Реал Мадрид на Суперкупот во Скопје. Со тоа го сруши рекордот на Боби Чарлтон од 1956 година кога легендата на Јунајтед на 9 средби постигна 9 погодоци додека ван Перси во 20102-тата имаше 7 од 9 настапи. Пред него Ибрахимовиќ дури по 20 средби постигна 10 гола.