Connect with us

Фудбал

Лукаку и Смолинг за срамната насловна на италијанскиот весник

Откако добија жестоки критики и напади од најголемите италијански клубови, весникот „Кориере дело Спорт“ доби критики и од фудбалерите чии фотографии искористи за срамната насловна страница.

Ромелу Лукаку:

Наместо да се фокусира на битката меѓу двата тима… „Кориере дело Спорт“ излегува со најглупавата насловна која некогаш сум ја видел во мојата кариера. Вие момци продолжувате да ја потикнувате негативноста за прашањето со расизмот. 

 Крис Смолинг:

Сакам денот да го поминам фокусирајќи се на утрешниот голем натпревар, но важно е да признаам дека тоа што се случи утрово беше погрешно и многу нечуствително. Се надевам дека уредниците инволвирани во објавата на овој наслов преземаат одговорност и ја разбираат моќта и влијанието кои овие зборови можат да го имаат.