Connect with us

Фудбал

Лукаку како Роналдо, не Кристијано, туку „Феноменот“

Белгиецот Ромелу Лукаку се чини дека добро се вклопил во тимот на Интер. Со двата погодоци, еден од пенал, му донесе победа на Интер преку пресврт на гостувањето кај Болоња. Лукаку погоди во 75.минута за 1:1, а потоа за победа на Интер од 2:1 во 92.минута.

Со овие два погодоци Лукаку се најде на второто место на листата на стрелците во Серие А, зад Имобиле кој има 12.

Но, она што е уште поважно за Белгиецот, е дека влезе во историјата на клубот од Милано. Имено, тој стана првиот фудбалер на Интер кој постигнал девет или повеќе голови во првите 11 кола во Серие А. Последен кој го сторил тоа во дресот на „Нероаѕурите“ е Роналдо, не Кристијано, туку „Феноменот“, во сезоната 1997/98.