Connect with us

Фудбал

Лукаку: Роналдо е во право

Ромелу Лукаку со 12 голови е втор стрелец во италијанската Серие А. Многумина го критикуваат дека постигнува голови против „малите“ екипи, но не и на дерби мечевите. Меѓутоа, тој не обврнува внимание на коментарите, туку напорно работи. Пофалби добива од стручниот штаб и Конте кои велат дека тој е тимски играч. Доказ за тоа е неделниот меч против Џенова, кога му ја препушти топката да го изведен пеналот 17 годишниот Еспозито.

Сепак, вели дека Серие А е најтешката лига во светот, а за тоа го предупредил Кристијано Роналдо.

-Ми кажа дека постигнувал голови секаде, но најтешко било тука. Ако Кристијано Роналдо вели дека е тешко, тогаш навистина мора да е тешко, вели Лукаку.