Connect with us

Фудбал

Лукаку: Се надевам дека порано или подоцна ќе играм во Италија

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку вели дека се надева дека еден ден ќе игра во италијанското првенство. Послендитен неколку недели сериозен интерес за 25-годишниот Белгиец покажува Интер.

Да играм во Серија „А“ е вистински сон. Се надевам дека ќе играм, порано или подоцна во Италија. Но во моментов сум фокусиран на Манчестер Јунајтед, изјавил Ромелу Лукаку за „Скај Спортс“.

Оваа сезона Лукаку настапи на 44 натпревари за Манчестер Јунајтед, постигнувајќи 15 гола и 1 асистенција. Напаѓачот исто така беше поврзуван со ПСЖ и Баерн Минхен.