Connect with us

Фудбал

Лукас Хернандез јавно го наговести заминувањето од Баерн

Репрезентативецот на Франција и дефанзивецот на Баерн, Лукас Хернандез навести трансфер од редовите на германскиот шампион.

Хернандез не е задоволен од неговиот статус во Баерн и во интервју за „Телефут“ тоа јавно го призна.

„Имам уште четиригодишен договор со Баерн, но ако ситуацијата продолжи да биде толку комплицирана, ќе видиме“, рече Хернандез.

Французинот пристигна во Баерн од Атлетико минатото лето за 70 милиони евра, но веруваше и очекуваше многу повеќе простор за игра во првата сезона во која, повторно, може да се пофали со тоа дека ја освои Лигата на шампионите, Бундеслигата и Купот на Германија.

loading...

Тој е еден од неколкуте играчи на Баерн кои немаат јасен статус. Тука е и Тијаго Алкантара, кој се поврзува со Ливерпул и Манчестер Јунајтед, но сè уште не е направено ништо конкретно.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com