Connect with us

Фудбал

Мајката на Мбапе откри за кого навива Килијан: Кога губеа, го фрлаше далечинското кон телевизорот

Мајката на Килијан Мбапе откри за кој фудбалски клуб навива нејзиниот син од детството. Многумина беа изненадени што не се работи за Монако, ПСЖ или Реал Мадрид, туку за италијанскиот гигант Милан. Според Фајза Ламари, љубовта трае откако Мбапе знаел што е фудбал.

Ламари вели дека малиот Мбапе имал дресови со играчи од ПСЖ, Рен, Реал, Монако и француската репрезентација, но секогаш најмногу го ценел Милан.

„Од мал навиваше за Милан. Кога доаѓаше дома, зборуваше само за Милан. Кога Милан ќе губеше, го фрлаше далечинскиот управувач кон ТВ и пцуеше на италијански“, вели Ламари.

Очигледно, љубовта на Мбапе кон Милан била толку голема што често одел да спие во дресот на Милан.