Фудбал
Мајстор си е мајстор, Аријан Адеми (ВИДЕО)
Динамо Загреб славеше со 1:2 на гостувањето кај Локомотива во рамките од хрватското првенство. По само шест минути игра поведоа гостите со голот на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми. Седум минути подоцна Куленовиќ израмни на 1:1, а во 47-та Петковиќ погоди за 1:2 што беше конечен резултат.
Во составот на Динамо Загреб го немаше Стефан Ристовски, а засега причините не се познати, односно нема информации дали станува збор за повреда или нешто друго