Фудбал
Макаби добива звучно засилување
Шпанецот Хозе Родригез пристигнува во Израел каде ќе потпише договор со Макаби Хаифа.
25-годишниот играч за врска договори се со Израелците, но сè уште нема потпишано договор.
Тој е играч од на школата на Реал, а во декември 2012 година дебитираше за Реал против Атлетико. Играше за Депортиво, Галатасарај, Мајнц, Малага, Макаби Тел Авив, Фортуна Ситард и Фуенлабрада.
Тој беше член на јуниорските селекции на Шпанија и имаше можност да игра во репрезентацијата до 21 година со играчи како Себаљос, Суарез, Мунир, Белерин, Нигез …