Connect with us

Фудбал

Македонец селектор на светските шампионки во фудбал

Влатко Андоновски ќе биде селектор на женската фудбалска репрезентација на САД. Своето деби на клупата Андоновски ќе го има на 7 ноември против Шведска, а три дена подоцна ќе ги води САД и против Костарика.

Откако ја освои светската шампионска титула, Џил Елис најави заминување Андоновски беше апсолутен фаворит за нејзин наследник.

Како тренер во изминатите две сезони, тој го водеше Рејн во американската лига, а исто така беше на клупата на Канзас Сити, кој го одведе до две титули.

Андоновски во својата кариера играл за Работнички, Македонија ЃП и Вардар, а во 2000 година потпиша за клубот Вичита Вингс од Националната професионална лига на САД, а потоа играше за неколку тамошни клубови. По завршувањето на кариерата како фудбалер, остана таму и продолжи да работи како тренер.