Connect with us

Фудбал

Македонецот Кулушевски дебитираше за Шведска

Дејан Кулушевски, роден во Гетеборг, а по потекло од Македонија дебитираше за сениорскиот тим на Шведска. На дуелот против Фарски Острови тој ги одигра последните 30-тина минути, а неговата селекција славеше со 3:0.

Со ова и официјално Македонија го загуби талентот. Колку за потсетување, Кулушевски настапуваше за македонската фудбалска репрезентација за играчи до 17 години, но потоа се одлучи за дресот на Шведска. Селекторот Игор Ангеловски неколку пати упатуваше повик до Кулушевски за настап во сениорскиот тим, но сепак тој одбиваше, со образложение дека сака да настапува за Шведска.