Connect with us

Фудбал

Македонецот останува во Шпанија, продолжен договорот со Рајо Ваљекано

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски останува во Шпанија. Тој го продолжи договорот со Рајо Ваљекано за нови 4 години, односно според договореното ќе остане во овој клуб до 2024 година.

Клубот ја потврди информацијата, но сепак без да се прецизираат детали.

Столе Димитриевски во 2012-та од Работнички се пресели во Удинезе, од каде беше испратен на позајмица во Кадиз. По неколку сезони помина во Гранада, па Химнастик, па сега во Рајо Ваљекано.