Connect with us

Фудбал

Македонија денеска против Фарски Острови

Македонската фудбалска репрезентација попладнево на гостински терен против Фарски острови ќе ја отвори новата сезона во Лигата на нации во која влегува со амбиција да заврши првопласирана во својата група Ц4 што догодина ќе ѝ донесе пласман во поквалитетната Б Лига, а воедно и место во плејофот за пласман на Светското првенство 2026.

Дуелот во Торашвн е закажан со почеток во 15 часот на стадионот „Торсволур“ со капацитет од 6.500 седишта, а главен судија ќе биде Литванецот Манфредас Лујканчукас.

За денешниот натпревар, како и дуелот против Ерменија во вторник во Скопје, поради повреди не се во комбинација напаѓачите Александар Трајковски и Милан Ристовски, а селекторот Благоја Милевски дополнително го повика дебитантот Милан Илиевски од репрезентацијата до 21 година.

Селекторот Милевски и капитенот Енис Барди на вчерашната официјална прес-конференција во Торшавн порачаа дека атмосферата во репрезентативниот табор е одлична, нагласувајќи дека целта е со победа да стартуваат во Лигата на нации.