Connect with us

Други спортови

Македонија доби нов европски шампион, Емил Павлов – европски карате првак

На Европското првенство во карате (Нови Сад, Србија), најдобриот македонски каратист, носител на Олимписка стипендија ТОКИО 2020 на Македонскиот олимписки комитет, Емил Павлов, во извонредна и доминантна борба, го победи италијанскиот каратист Aнџело Крешченцо со 3:1 и го освои златниот медал на ова Европско првенство со што стана Европскиот шампион!!!

Честитки за Емил Павлов, извонреден врвен спортист, голем човек со победнички менталитет, кој секако не го кажал својот последен збор, кога се во прашање европски, светски и Олимписки титули.

Честитки за ЕМИЛ ПАВЛОВ и неговиот тренер Сашко Арсовски за напорната и квалитетна работа помогнати и организирани од страна на Карате федерацијата на Македонија, секако помогнати од Македонскиот олимписки комитет и Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија.

Честитки и за Ангела Мојсовска за освоеното 5-то место на ова Европско првенство и за сите македонски каратисти од кои очекуваме уште многу медали од Европски, светски првенства и секако од Олимписките игри.

ТОКИО 2020, подготви се!
Најдобрите македонски каратисти доаѓаат да те освојат!
За кого? ЗА МАКЕДОНИЈА!