Connect with us

Фудбал

Македонија и Молдавија пак одиграа без победник

Македонија одиграа нерешено 1-1 на пријателскиот меч против селекцијата на Молдавија во турскиот град Анталија.

Кога сите помислија дека на одмор ќе се замине со почетниот резултат, Македонија поведе. Барди биеше од далечина, ударот по земја само го одби молдавскиот голман, а Миовски натрча и го матира Раилеан (1-0).

И кога мислевме дека се имаме во свои раце неверојатен погодок со „ножички“ постигна Виталиј Дамаскан кој израмни на 1-1.

На „рисовите“ сега им претстои пријателски дуел и против Црна Гора за заокружување на терминот предвиден за репрезентативни обврски.