Фудбал
Македонија на 65-то место ќе ја дочека жрепката за СП
Македонската фудбалска репрезентација е на 65-то место според најновото рангирање на ФИФА. Ова е претпоследната листа која ФИФА ја објави оваа година. Со оглед на тоа дека на 7-ми декември ќе се одржи жрепката за квалификациските групи за СП, Македонија на оваа позиција ќе ги дочека противниците.
Македонија, во ноември, славеше две победи, над Грузија (1:0) и Естонија (2:1), и забележа пораз од Ерменија (0:1).
На врвот на оваа листа првите шест репрезентации Белгија, Франција, Бразил, Англија, Португалија и Шпанија ги задржаа своите позиции, Аргентина го „скокна“ Уругвај, деветти е Мексико, а десетта Италија.