Поврзи се со нас

Фудбал

Македонија посакува перфекција во 2020-та, дали ќе биде така ќе дознаеме вечерва!

Македонија попладнево „десеткувана“ игра против Ерменија во Никозија во последниот меч од втората сезона од Лигата на нации. Ова е директна пресметка за првото место. Ќе ги нема Пандев, Адеми, Елмас, Алиоски, Ристевски, неколкумина стандардни играчи кои го понесоа товарот оваа година и кои се најзаслужните за пласман на ЕП. Сепак и Ерменија, според последните информации ќе игра без осум фудбалери, бидејќи добија позитивни тестови на Ковид 19.

Натпреварот се игра попладнево во 18:00 часот. На Македонија и е потребен само бод да го задржи првото место во групата, а со тоа да обезбеди пласман во повисок ранг, односно од Лига Ц да се пресели во Лига Б.

Во 2020-та година репрезентацијата на Македонија одиграла седум меча, без попладневниот со Ерменија. Билансот е четири победи и три нерешени средби, а што е најважно токму во оваа серија обезбеден е пласман на ЕП.

 

loading...

Facebook