Connect with us

Ракомет

Македонија со пехар ја завршува 2019-та, го освои „Трофеј Карпати“

Македонската ракометна репрезентација славеше против домаќинот Романија во финалето на „Тројеј Карпати“ со 24:20. На полувремето домаќинот водеше со 12:10, но сепак веднаш на почетокот на вториот дел нашата репрезентација, иако подмладена, сепак ја презема контролата дојде во водство, кое го зголемуваше до крајот на мечот.

Ова е одлична увертира за Европското првенство кое ќе се одигра од 9-ти до 26-ти јануари 2020 година, а на кое домаќини се Автрија, Шведска и Норвешка.

На континенталниот собир Македонија е во група со Чешка, Австрија и Украина.