Connect with us

Фудбал

Mакедонија со скок од 18 позиции на ранг-листата на ФИФА

ФИФА ја објави најновата ранг-листа за септември. Поради успешното завршување на квалификациите за Светското првенство во Русија следната година, Македонија направи скок од 18 места и успеа да влезе меѓу првите 100 репрезентации односно сега е на 85-то место. Во меѓувреме, Албанија има пад од пет позиции и е на 71-то. Косово ја подобри својата позиција за едно место односно и сега е 183-то. На врвот и понатаму е Германија.