Connect with us

Фудбал

Македонија со убедлив пораз од Италија во Рим

Македонската фудбалска репрезентација загуби на гостувањето кај Италија во квалификациите за пласман на ЕП 2024 година со 5-2.

Овој пат Италијаните не пропуштија можност да се одмаздат и за оној пораз од Палермо после кој не успеаја да обезбедат учество на Мундијалот во Катар, како и за ремито во Скопје со кое Италијанците остана до крајот да се борат за место меѓу најдобрите европски селекции.

Италија до победата стигна благодарение на одличната игра во првиот дел, или подобро кажано на лошата игра на Македонија во првите 45. минути. Три гола во мрежата на Димитриевски, згора на тоа и промашен пенал за убедлива предност.

Дармијан во 17. минута по центаршут од левата страна донесе предност покрај заспаната одбрана на Македонија. Во 40. минута досуден пенал за „азурите“ после играта со рака на Серафимов. Жоржињо шутираше, но Димитриевски одбрани, а во истата акција Киеза со шут од далечина ја носи Италија на 2-0. Истиот играч во третата минута од судиското надополнување со шут и со помош на Манев успеа да го совлада Димитривски за предност од 3-0.