Фудбал
Македонија У21 против Србија У21 од 15:00
Попладнево (15 часот) се игра натпреварот Македонија-Србија на комплексот на ФФМ „Петар Милошевски“ ќе одиграат натпревар од квалификациската група 7 за ЕУРО 2019 во Италија. Двете селекции досега одиграа по еден натпревар и постигнаа победа.
Македонија и Србија играа и на ЕП 2017 во Полска натпревар од групата и дуелот заврши 2:2. Во двете селекции има по неколку фудбалери што настапија на тој дуел во Бидгошч.
Покрај овој натпревар денеска од 14 часот играат Русија – Австрија, а во понеделникот Ерменија го победи Гибралтар со 1-0.
Табела: Ерменија 7 бодови, Русија 4, Србија 3, Австрија 3, Македонија 3, Гибралтар 0.