Connect with us

Фудбал

Македонија вечерва против Шпанија, ќе игра ли супер талентот на Барселона?

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година вечерва со почеток во 19:45 часот и гостува на Шпанија во рамките од квалификациите за пласман на ЕП. Шпанија е лидер во групата со 9 бодови, додека Македонија, со два натпревари помалку го дели второто место со Казакхстан со по 7 бодови.

Шпанската репрезентација има одличен состав, млади фудбалери кои настапуваат за најсилните тимови во Примера. Но, еден фудблер привлекува внимание. Тоа е Ансумане Фати, член на Барселона, првиот тим, и кој е прогласен за супер талент. Има 17 години, а се повеќе добива минутажа кај тренерот на каталонскиот тим Валверде. Сепак, не се знае дали тој ќе почне од почеток, а во шпанскиот состав ќе го нема Олмо од Динамо Загреб кој има фантастична сезона, а кој ќе биде дел од сениорскиот тим.

-Не чекаат клучни натпревари, прво со Македонија, а потоа и со Израел. Македониај има добри индивидуалци и ќе имаат мотив затоа што играат против Шпанија, знам дека нема да биде лесно. Ние ќе продолжиме по планот кој го имаме зацртано“, изјави шпанскиот селектор Луис Де Ла Фуенте.