Connect with us

Други спортови

Македонија во Златната европска лига во одбојка

Македонската машка одбојкарска репрезентација, во 2020 година за првпат ќе учествува во Златната европска лига.

„Спартанците“ на селекторот Никола Матијашевиќ откако ја почувствуваа сласта од настап на европско првенство, сега ќе играат во Златната лига која досега беше недостижна и тоа за малку, бидејќи трипати беа финалисти во европската лига. Квалификациите за следното ЕП почнуваат во август.

Златната лига ќе се игра во мај и јуни. Македонската селекција ќе одигра најмалку шест натпревари со силни противници. Потенцијални ривали ни се Белгија, Холандија, Чешка, Турција, Украина, Словачка, Шпанија, Естонија, Португалија, Белорусија и Романија.