Connect with us

SPORTM.mk

Македонија за едно полувреме ја „наполни“ мрежата на Гибралтар и потоа застана (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација, очекувано дојде до убедлива победа во четвртиот меч од Лигата на нации против Гибралтар од 4:0. Се беше јасно уште по првото полувреме кога се случи „потоп“ на противникот. Енис Барди најнапред во 4-та минута постигна фантастичен гол од слободен удар.

Десет минути подоцна при негово нафрлување Миовски го постигнува својот прв гол во националниот дрес, а две минути подоцна, односно во 16-та минута Миовски го постигна вториот гол, за водство од 3:0. Чурлинов во 31-та минута одлично искористи додавање од Тодоровски за 4:0.

Во вториот дел, Македонија застана. Милевски веднаш на полувремето со три измени, излегоа Алиоски, Барди и Чурлинов, а влегоа Етеми, Фаслагиќ и Димовски. Подоцна во игра влегоа и Доријан Бабунски на местото на Миовски и Гроздановски на местото на Елмас, но овие промени не донесоа ништо. Во вториот дел имаше само еден директен шут во рамките на голот, оној во 91-та минута на дебитантот Етеми, кој немаше среќа, па од работ на шеснаесетникот по одличниот шут, ја погоди стативата. Резултатот секако остана оној од првиот дел.
Енис Барди 4′ за 1:0

Миовски 14′ за 2:0

Миоовски 16′ за 3:0

Чурлинов 31′ за 4:0

Standings provided by SofaScore LiveScore