Поврзи се со нас

Фудбал

Македонијо, подготвена ли си за ЕВРОПСКО!?

Триесет години, неколку генерации, селектори, одлични фудбалери и репрезентативци, целата македонска јавност, го чекаа овој момент. Македонија е на само еден натпревар до пласман на ЕП, кое треба да се одигра следната година. Никогаш досега репрезентацијата не била поблиску до остварување на сонот. Вечерва противник е Грузија, селекција која реално може да се победи. Благодарејќи на оваа генерација, но пред се и на новиот систем на натпревари, односно формирањето на Лигата на нации, помалите селекции, како што е нашата добија поголеми шанси за пласман на Европско првенство. Оваа шанса не смее да се пропушти, оваа шанса мора да се искористи, бидејќи оваа генерација го заслужува, но и го може тоа. Пандев, Елмас, Алиоски, Муслиу, Барди, Несторовски, Адеми, сите оние кои ги играа мечевите, но и оние кои вечерва ќе настапа, па и оние кои нема да настапат од разни причини, заслужуваат да бидат наградени со настап на континенталниот собир. Заслужува и целата македонска јавност, по 30 години да се израдуваме и ние на Европско.

Среќно, момци, веруваме во успех, знаеме дека можете.

Мечот се игра вечерва во Тбилиси, со почеток во 18:00 часот.

loading...

Facebook