Connect with us

Фудбал

Македонски фудбалер, кој се лекува во Русија, со емотивна порака

Македонскиот фудбалер Томи Јанев се лекува во Русија. На 29-годишна возраст му е дијагностицирана ALS – (amnyotropxic lateral sclerosis), болест на моторниот неврон под итно му беа потребни финансиски средства за лекување во. Се работи за терапија со матични клетки на секои четири месеци во рок од три години и е доста скапа. Многумина се одзваа на поцизите за помош, а тој од клиниката во Русија испрати емотивна порака.

-Драги пријатели, роднини,сограѓани, познаници и сите кои ме поддржувавте и ме поддржувате најнапред сакам да ви се заблагодарам од срце што поради вас сите сум тука каде што сум и имам шанса да се лекувам со надеж за подобро утре. Оваа е една од многуте битки пред која ми предстои многу борба и труд,но со ваша помош верба и поддршка мислам дека можам да ја постигнам зацртаната цел. Докторите овде имаат позитивно мислење и став околу мојата состојба, уште се прават додатни испитувања но велат дека добро е што уште дијагнозата е во рана фаза и дека прогресијата може да биде стопирана. За жал некои ми го свртеа грбот кога ми беше повеќе од потребно, но тоа ми дава уште повеќе волја и мотив за понатаму.

За крај премалку е уште еднаш да ви кажам Ви благодарам од срце за се што правите за мене, Бог е голем, да ви даде само здравје, бидејќи на крајот на краиштата се друго може да се направи или купи.

Фала Струмица, фала Македонија
Среќни празници и секое добро на сите