Connect with us

Фудбал

Македонски талент, голман потпиша за португалски тим, има само 18 години!

Португалскиот тим Рио Аве е новиот клуб за македонскиот голмански талент Васко Василев. Тој кариерата ја продолжува во португалското првенство, а според информациите со оглед на тоа дека има 18 години ќе брани за тимот до 19 години. Воедно ќе биде втор голман на вториот тим на Рио Аве, односно екипата за играчи до 21 година.

Потекнува од младинската школа на Варадар, меѓутоа по падот на црвено-црните се пресели во Динамо Врање од каде што потпиша за Црвена Звезда летото 2019 година. Беше испраќан на позајмици во Графичар и Рад Белград.

Инаку, Василев е член на македонската репрезентација до 19 години.