Connect with us

Кошарка

Македонски тренер седна на клупата на шампионот на Азербејџан!

Бобан Митев, македонскиот кошаркарски тренер е назначен за главен тренер на Сабах БК, актуелниот шампион на Азербејџан.

Митев официјално со Сабах БК потпиша договор на една година, соопштија од клубот.

Станува збор за потенцијален ривал на Работнички и Феникс во квалификациите од ФИБА Еврокупот, кој по долги години ќе ја врати азербејџанската кошарка на европската мапа. Митев самостојно има работено само во неколку екипи, додека најголем дел од кариерата ја мина како помошник и тоа на словенечкиот стратег Сашо Филиповски, со кого беа дел од екипи како Алба, Банвит, Монако и Партизан.

Во сезоната 2017/2018 стигна до четвртфинале од Лигата на шампионите на ФИБА со турскиот тим Банвит, а претходно беше и вицешампион на Полска со Туров.