Connect with us

Фудбал

Македонскиот „бомбардер“ си постави јасна цел: Сакам да бидам најдобар стрелец во Шкотска

Ѕвездата на Абердин, Бојан Миовски, упати предупредување до најдобрите стрелци на Селтик и Ренџерс, бидејќи ja таргетира позицијата најдобар стрелец  на крајот од сезоната.

Тој заостанува само еден гол зад Антонио Чолак од Ренџерс на листата на стрелци, кој има осум  а Кјого Фурухаши од Селтик има седум, исто колку и Миовски. Зад нив е уште еден фудбалер на Селтик, Абада со шест постигнати голови.

– Моја цел е да бидам најдобар стрелец во Шкотска и тоа е сон на секој напаѓач. Кога давам гол(ови) тоа ме турка напред, а кога ќе видам дека и другите дале гол(ови) го сакам и јас истото за да завршам прв. Јас знаев дека ќе дадам многу голови ако дојдам во Абердин, ми се допаѓа стилот на игра, кој уште на почеток кога ми беше презентиран, беше дека ќе играме офанзивно со многу напади, изјави Миовски за шкотските медиуми.