Connect with us

Фудбал

Македонскиот „бомбардер“ во Шкотска: Фудбалот се игра за голови, подготвени сме за Грузија

Македонската репрезентација ги продолжува подготовките за натпреварите против Грузија (Тбилиси, 23. септември) и Бугарија (Скопје, 26. септември) од групата 3 во Лига на нации.

Репрезентативецот Бојан Миовски смета дека и покрај тоа што во составот недостасуваат неколку важни фудбалери, оваа репрезентација има квалитет што ќе го потврди на тешкото гостување во Тбилиси против Грузија.

„Не очекува навистина тежок натпревар во Грузија, но сите што сме тука сме подготвени да одиграме најдобро“.

„Фудбалот се игра за голови, треба да ја подобриме ефикасноста. Селекторот на подготовките ни укажува на тоа, се разбира, трудејќи се да ги воочиме и слабите страни на противникот“, вели Миовски.

Миовски од почетокот на оваа сезона игра во дресот на шкотски Абердин. Неговиот тим е на седмото место на табелата, а со пет погодоци во првенството на седум меча тој го дели четвртото место на листата на најдобри стрелци.

Македонија и гостува на Грузија во петок, во обид да се ревашира за поразот од 0:3 на домашен терен. Во понеделник на домашен терен играме против Бугарија. Во моментов лидер во групата  е Грузија со 10 бодови, Македонија е втора со 7, Бугарија трета со 3 бода, а Гибралтар е на последното место со 1 бод.