Connect with us

Кошарка

Македонскиот плејмејкер потпишува за Валенсија?!

Порталот „eurobasket.com” објави дека македонскиот плејмејкер Ненад Димитриевиќ од следната сезона ќе го засили тимот на Валенсија. По четири години Димитриевиќ се разделува со Хувентуд. Минатата сезона тој на 21 натпревар имаше во просек 8 поени, 1,7 скокови и 3,3 асистенции.

Тој одигра и 15 мечеви во Еврокупот каде имаше просек од 11,9 поени, 1,6 скокови и 3,9 асистенции. Од оваа година Димитриевиќ е член на сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија, а има 22 години.