Connect with us

Други спортови

Македонските одбојкари поразени во првиот пријателски натпревар против Црна Гора

Македонската одбојкарска сениорска репрезентација во саботата го одигра првиот од двата пријателски натпревари против Црна Гора во Колашин. По интензивните тренинзи во Маврово, селекторот Хари Наковски имаше можност да ја провери формата на своите репрезентативци пред претстојните квалификации за Европското првенство 2026 против Грузија и Грција.

На првиот тест против Црногорците, Македонија загуби со 3:1 во сетови. Првиот сет беше најнеизвесен, завршувајќи со 31:29 во корист на ривалите. Црногорската селекција ја зголеми предноста освојувајќи го и вториот сет со 25:22. Македонската репрезентација успеа да намали на 2:1 во сетови по освојувањето на третиот сет со 25:22, но во четвртиот сет Црна Гора триумфираше со 25:20.

Најдобар поединец во македонската репрезентација беше Никола Ѓоргиев со 24 поени, додека на спротивната страна Војин Чачиќ реализираше 19 поени.

По договор меѓу двајцата селектори, беше одигран и петти сет во кој Црна Гора триумфираше со 25:16.

Следните контроли ќе бидат важни за селекторот Наковски и репрезентацијата за да ги финализираат подготовките пред квалификациите за Европското првенство 2026.