Connect with us

Фудбал

Македонците главни во Данди Јунајтед, Трапановски два и Бабунски еден гол, решетаат мрежи (ВИДЕО)

Одличен старт во дресот на Данди Јунајтед за македонските фудбалери Трапановски и Бабунски. Нивниот клуб синоќа играше во Лига Купот на Шкотска против Баки Тисл и победија со 5:2. Двајцата го почнаа мечот од првата минута и двајцата се запишаа во листата на стрелците. Трапановски постигна два гола, а Бабунски еден. За потсетување во минатото коло во Лига Купот, Бабунски постигна фантастичен гол од слободен удар.

Ако се земе предвид дека во Лига Купот се одиграни четири меча, а Трапановски има три голови и две асистенции, а Бабунски два голови може слободно да се каже дека на двајцата македонски фудбалери им тргна фантастично во новата средина.